fbpx
ВестиМакедонија

Арсовски: Каде завршиле 100 тони шверцуван тутун?

Каде е продаден 100 тони тутун што е увезен во 2019-та година

Од ден во ден расте срамот врз грбот на Јавното обвинителство и Антикорупциската Комисија.

Овие две институции кои што се плаќани од народни пари, се срам, најголем срам за правосудните органи и за системот на целата држава.

Ќе помине веќе и еден месец како молчат и не преземаат ништо во врска со скандалозниот шверц на 100 тони тутун во време кога Љупчо Николовски бил министер за земјоделие и тоа ни помалку ни повеќе шверц на граничниот премин на Деве Баир.

Замислете, имаме евидентен шверц кој што го потврди и Царинската управа на 100 тони тутун и никој не знае, но и не сака да се огласи воопшто во јавноста да каже каде завршил тој тутун, што го увезол близок човек на Љупчо Николовски.

Затоа, ќе прашаме директно.

Каде завршил, односно каде е продаден 100 тони тутун што е увезен во 2019-та година од близок пријател на Љупчо Николовски кога министер бил за земјоделие Љупчо Николовски?

Дали ќе се одважи некој од институциите да истражи по службена должност каде завршил овој тутун?

Дали некој од овие институции кои што се како што реков срам за системот на државата и за правосудниот систем, ќе се одважат да истражат дали можеби тутунот завршил кај нелегални производители на цигари кои што се добро познати на структурите во МВР или пак на некои други добро познати места кои што се занимаваат со нелегално произведување на цигари и продажба на тутун?

Овие прашања се суштински, кои заслужуваат одговор, но заслужуваат и да некој да сноси одговорност. Сепак, се работи за блиски лица до министерот за земјоделие во тоа време Љупчо Николовски, кои што го увезле тутунот, а никој не знае каде завршила целата пратка.

Каде е продаден, по која цена и на кого?

Се останато е класично премолчување, прикривање на класичен случај на шверц и нелегален внес на 100 тони тутун во Република Македонија преку граничен премин Деве Баир.

Почитувани,

Криминалот има адреса и има име, адресата е во Влада, а името е СДСМ.

Без исклучоци Јавното обвинителство и Антикорупциска и понатака како и до сега слободно можат да молчат, да спијат, да бидат соучесници во криминалот и да бидат најголем срам за државата, но мора да имаат на ум дека секогаш соучесниците во криминалот сносуваат одговорност.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close