вестиСоветиТоп вести

5 растенија кои се садат во октомври

 

Како две најголеми придобивки на есенското садење се издвојуваат:свежите плодови рано на пролет како и економскиот ефект заради високата цена која се достигнува во тој период. Издвојуваме неколку сорти на зеленчук, билки и цвеќиња кои се одлични за садење во октомври.

Лук

Лукот  е едно од најстарите култивирани растенија. Се споменува во кинеските записи од пред 5.000 години. Оптималниот рок за садење лук е втората половина на октомври. Бидејќи семенскиот материјал е  подложен на агенси што предизвикуваат болести, експертите препорачуваат да се користи исклучиво сертифициран  материјал за садење. Лукот сака плодна, лесна почва со доволно влага. Исто така, важно е да се знае дека  најдобро успева после компири, зелка, моркови, тиквички, зелена салата и краставица. Се разбира, тоа не е сè што треба да се знае за одгледување лук,  основните мерки на садење  се особено важни.

Кромид

Во есента, можете да засадите кромид од садници  и со садење арпаџик. Од садници, се сади во почетокот на октомври, кога садниците  имаат 3-4 лисја. За да добиете млад кромид во пролет, садењето арпаџик  може да се направи во октомври. Постојат неколку видови кромид кои  може да се одгледуваат  многу лесно во есен.

Грашок

Есенското сеење грашок постигнува повисок и подобар принос. Најповолен период за негово  садење е средината на октомври, односно втората половина на октомври. За садење во овој период, неопходно е да се изберат сорти што се од подоцнежниот период на вегетација.

 

Магдонос

Магдоносот дава најдобри резултати кога се сади од расад, а идеално време за садење во земјата е октомври и ноември. На отворено поле, магдоносот се одгледува заради корените, а во затворен простор заради лисјата. Магдоносот е многу отпорна билка  и може да издржи мраз и температура до минус 20 степени. Одгледувањето магдонос во градината е вистинскиот избор за есенските денови.

Октомври е совршено време за садење некои есенски цвеќиња. Постојат многу видови што можете да ги засадите во есен што ќе започнат со цутење  во рана пролет.

Лукчиња

Во октомври, можете да засадите лукчиња како зумбули, нарциси, лалиња, виси баба. Тие можат да растат во саксии, цветни леи со сезонско цвеќе, под дрвја или на тревници.

Лукчињата  имаат подземни органи што им овозможуваат да преживеат во различни временски услови бидејќи служат како магацин за складирање храна. Почвата треба да биде лесна и порозна и потребно е да се отстранат сите плевели.

Постојат и други видови цвеќиња што можете да ги засадите во есен. Она што важи скоро за сите е садењето во групи, затоа што така изгледаат најдобро.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close