fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Асоцијацијата на камионски превозници најавува протест поради покачувањето на акцизата за горивата

Транспортерите најавија протест за в понеделник или вторник, поради зголемената акциза на горивата.

Од здружението на превозници Макам транс велат дека револтот кај нивните членки е огромен, бидејќи според нив со покачувањето на акцизата на горивата за 3 денари – штетите од Корона кризата паѓаат само на нивниот грб, а ќе дојде и до енормно зголемување на цените на производите.

„Намалување над 50% приходи е кај 61% од трговските друштва, па кажете ми каква ќе биде реакцијата кога ни ги зголемуваат трошоците само на нас ?! есапот кој ни го прават дека за 20 паднало, тоа е исто како ние да дојдеме и на секој дома да му го израчунаме колку што работат, меѓутоа ако некоја фирма има 10 возила, а сега работи само со 2, значи сета заработка што ќе се оствари приходот се дели на сите 10 возила.“,вели Билјана Муратовска, МАКАМ ТРАНС.

Со оглед на вонредната состојба – Муратовска вели дека протестот ќе се одржи во време кога не е на сила полицискиот час.  Возачите незадоволството ќе го искажат од кабините, бидејќи не се дозволени јавни собири, па така со своите возила само ќе продефилираат пред Владата. Воедно ќе бидат заштитени и ќе се почитуваат мерките за растојание.

„Ние едноставно, сами изолирани во кабините на возилата со влекачи или со пик ап или со автобус, зависно како што ќе се пријават. Само ќе издефилираме, ќе поминеме покрај Владата, покрај парламент, некој ако сака може и да свири, при тоа ќе доставиме допис со нашите барања, со цел да укажеме на државните органи дека постоиме, дека ние сме тука. “вели Билјана Муратовска, МАКАМ ТРАНС.

Државата ја зголеми акцизата на горивата за три денари со цел да собере повеќе пари во буџетот за борба со штетите од Корона кризата. Ако мерката трае до септевмри, во државната каса според пресметките ќе треба да се слеат дополнители 18 милиони евра.

Извор: Канал5

Слични написи

Back to top button
Close