fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски и Трипуновски на заедничка средба

Трипуновски: Бачовски вети дека контролите на терен ќе бидат крајно професионални и нема да има притисоци врз земјоделците

Денеска во просториите на АФПЗРР остварив средба со дополнителниот заменик министер на МЗШВ Цветан Трипуновски, објави Никица Бачовски директор на Платежната агенција .
-На средбата се дискутираа тековните активности на АФПЗРР во делот на реализација на програмата за директни плаќања за 2024 година.
Во периодот којшто следи, Агенцијата ќе продолжи со тековната имплементација на програмата за земјоделство и предвидените исплати за мерките од сточарско производство како и дополнителните субвенции за остварено производство во секторите лозарство, градинарство,полјоделство и овоштарство.
На состанокот се разговараше и во врска со тековните активности со контрола на пријавените површини со употреба на фотоинтерпретација на сателитски снимки. Овие контроли се извршени со сателетски снимки направени во Февруари 2023 година и Јули 2023 година, а тековно се оддржуваат состаноци со опфатените баратели на кои им се презентираат резултатите и се постапува по забелешките.
АФПЗРР во нареднитe денови ќе ги заврши теренските активности и закажаните состаноци по што констатираните резултати ќе бидат цел на административна проверка пред издавање на решенијата за финансиска поддршка, објави Бачовски.
Со своја реакција излезе и заменик министерот Трипуновски

На средбата се разговараше за актуелните активности на АФПЗРР и забелешките кои земјоделците ги споделуваат при теренските посети на Трипуновски.

„Првата тема за која што разговаравме е за оние теренски контроли кои што ги прави во моментов платежната агенција кои што земјоделците ги чувствуваат како притисок и манипулација во овој предизборен период. Она што го добив како одговор од директорот за овие контроли, кои што се согласно закон, во најголем дел се завршени и останува уште мал дел кои што треба да се дозавршат во наредните два до три дена и добив цврсто уверување дека сите служби на терен ќе бидат крајно професионални и нема да се користи овој период за дополнителен притисок и манипулација на земјоделците“, изјави Трипуновски

Трипуновски дополни дека и понатаму будно ќе го следи овој процес за да се увери дека ќе се испочитува ветувањето од страна на Бачовски.

„Втората работа за која што разговаравме е за поплаките на земјоделците за неисплатените субвенции на кое што добив одговор дека ќе се продолжи со исплаќање на субвенциите согласно календарот за исплата на што побарав да немаме застој во овој дел бидејќи земјоделците ги чекаат субвенциите за да ги преживеат овие тешки времиња“,  додаде Трипуновски.

„АФПЗРР е една од агенциите која што има директна комуникација и директно влијае врз целиов изборен процес. Дали она што директорот го кажа ќе го испочитува јас во овие теренски активности ќе бидам постојано во тек и ќе можеме да превенираме доколку има одредени несогласувања“- заврши Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close