fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски-Исплатени 257.9 милиони денари за 9055 полјоделци

Има пари за полјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за дополнителните директни плаќања за употреба на сертифициран семенски материјал.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои во производната 2022/2023 година имаат засеани со сертифициран семенски материјал и ожнеани површини со пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка, освен за ориз без употреба на сертифициран семенски материјал.

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен и пченка изнесува 7000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал.

Висината на дополнителните директни плаќања за сончоглед и маслодајна репка е 4500 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал.

Висината на дополнителните директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал.

По административната обработка на поднесените барања, извршена е исплата кон 9055 полјоделци со вкупна финансиска поддршка од близу 260 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close