Бачовски потврдува-РЕШЕНИЈАТА за ТРАКТОРИТЕ ќе бидат испраќани по ПОШТА на земјоделците
Важно за решенијата за тракторите!!!
Земјоделците кои добија поддршка за набавка на трактор преку Платежната агенција од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2022, мерката 121 Модернизација на земјоделски стопанства – Набавка на трактори, РЕШЕНИЈАТА ќе ги добијат по ПОШТА, а Платежната ќе има потврда за приемот на пратката.
Ова за Зелена берза го потврдува директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Денеска на настан во Битола ќе бидат доделени решенијата за поддршка на земојоделците во набавка на трактор само за општините Битола, Новаци и Могила.
Станува збор за околу 150 решенија за набавка на трактори од овој дел на Пелагонија.
Настанот е со почеток од 12:00 часот, а на него ќе присуствуват министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
Настанот ќе се одржи на паркингот кај СН Сообраќаен центар Битола