fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски потврдува-Следуваат исплати на субвенции за тутун, овоштарство и градинарство

УБАВА ВЕСТ!!Следува -1,3 милијарди денари субвенции за тутунарите!!! Прочитајте кои други субвенции ќе бидат исплатени за скоро време, наредниот месец!

Никица Бачовски, првиот човек на Платежната агенција денеска за Зелена берза потврдува дека следува период на исплата на субвенциите за тутунарите, овоштарите и градинарите. Исплатите се очекува да  започнат во месец мај.

-Обработката на решенијата за исплата на субвенциите за тутунот се во завршна фаза. Се финализираат калкулациите по што ќе се исплати. Некаде околу 1,3 милијарди денари би била исплатата, но наскоро ќе ја објавиме и точната пресметка. Во моментот службите имаат зголемен ангажман околу Интервентниот фонд, но во периодот што следи ќе има исплата на субвенциите за овоштарите, градинарите и тутунот од Директните плаќања. Како и исплата за набавени ѓубрива, заклани јагниња, гоеници, несилки за јајца од Интервентниот фонд. И покрај зголемениот ангажман се ќе биде завршано во најдбар ред, потврдува за Зелена берза Бачовски.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close