Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски во посета на компанијата Екстра Фунги во Чешиново
Оваа инвестиција е со севкупна вредност од 24.4 милиони денари, од кои 11.7 се ко – финансирани од АФПЗРР преку ИПАРД програмата, што преставува покривање на вкупно направените трошоци од 50%.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовси беше во посета на компанијата Екстра Фунги во Чешиново.
Главна дејност на овој преработувачки капацитет е преработка на печурки и преработка на дињи, шипинки, боровинки, сливи, капини и јагоди кои како суровина за готов производ се пласираат на европските пазари.
Инвестициите во модернизација во оваа компанија е континуиран процес.
Токму затоа во 2020 година Екстра Фунги аплицира на јавниот повик од ИПАРД програмата за мерката за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
По одобрувањето на проектот, компанијата набавува машини и линии за преработка на откупената суровина и инсталирана е фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за сопствени потреби.
Оваа инвестиција е со севкупна вредност од 24.4 милиони денари, од кои 11.7 се ко – финансирани од АФПЗРР преку ИПАРД програмата, што преставува покривање на вкупно направените трошоци од 50%.
Преку ИПАРД 2 програмата од 2017 до денес се поддржани повеќе од 2300 проекти со финансиска поддршка од европскиот фонд за земјоделство и рурален развој во вредност од 60 милиони евра.
Продолжуваме со поддршка на инвестиции во македонското земјоделство и рурален развој !