fbpx
ВестиМакедонија

Црна и Драгор го полнат Тиквешкото Езеро

Најголемата длабочина во езерото изнесува 105 м, а волуменот на водата изнесува 475.000.000 мᶾ.

Тиквешкото езеро е најголемо по површина вештачко езеро во државата. Се наоѓа во јужниот дел од државата, во кањонот на Црна Река и е оддалечен 12 км од град Кавадарци. Езерото има површина од 14 км, долго е 28,5 км, а широко е 500 м. Најголемата длабочина во езерото изнесува 105 м, а волуменот на водата изнесува 475.000.000 мᶾ. Тиквешкото езеро се наоѓа на 165 м надморска височина и има конусна форма, а се протега во правец север-југ. Како главни извори на полнење на вода во Тиквешкото езеро се Црна Река и Драгор. Средната годишна температура изнесува 14,1 °C. Тиквешкото езеро е привлечна туристичка дестинација за голем број туристи и посетители од државата и пошироко. Варовничко- геолошката положба на крајбрежјето придонесува за присутноста на пештери и јами. Тиквешкото езеро изобилува со различни видови на животински свет и изобилие на слатководни видови на риби, а има и голем број на ретки птици – грабливци.

Може да биде слика на природа и езероМоже да биде слика на природаМоже да биде слика на природа и планинаМоже да биде слика на планина, езеро и природа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close