fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски во радовишко на фармата на Љилјана Крстева

Љилјана одгледува над 50 млечни кози. Дел од млекото го предава во преработувачки капацитети, а од останатиот дел произведува козји сирења и кашкавал. 

Денеска во склоп на теренските активности низ радовишкиот регион, ја посетивме фармата на Љилјана Крстева.
Љилјана одгледува над 50 млечни кози. Дел од млекото го предава во преработувачки капацитети, а од останатиот дел произведува козји сирења и кашкавал.
Ја искористив приликата да ги информирам за мерките од програмата за рурален развој при што заклучивме дека мерката за набавка на високостелни кози и мерката за изградба на мандри се вредни за размислување како потенцијални идни инвестиции.
Во меѓувреме, ова земјоделско стопанство го очекува објавувањето на јавниот оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на сточна храна, за кој веќе се спрема потребната документација. Со добивање на државно земјиште под закуп, значително ќе се намалат трошоците за храна за козите, со што ќе се зголеми рентабилноста на фармата, информираше директорот на Платежената агенција Никица Бачовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close