fbpx
Вкусот на традицијатаРурален туризамРурална Жена

Традиционален посен десерт: Баклава, задолжителна на трпезата за Св.Никола!

Традиционални десерти за Свети Никола кои можат да траат со денови и да имаат поубав вкус секој ден.

Предлагаме да подготвите два традиционални десерти за Свети Никола кои можат да траат со денови и да имаат поубав вкус секој ден:

Баклава:

Потребно е:

1 пакување кори за баклава;

500 грама ореви;

малку шеќер;

200 грама суво грозје;

200 грама маргарин;

За шербет:

1 литар вода,

1 кг шеќер;

1 цел лимон.

Подготовка: Измешајте мелени ореви, шеќер и суво грозје. Потоа ставете ја кората од баклавата во плех за печење и посипете ја со мешавина од ореви, шеќер и суво грозје. Потоа ставете друга кора и редете додека не го потрошите целосно материјалот. Потоа исечете ја баклавата на ромбоиди ставете ја да се пече па прелијте ја со врел, стопен шербет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close