fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Компанијата Соро Промет од Прилеп успешна ИПАРД приказна

Компанијата Соро Промет се занимава со откуп на жито и производство на сточна храна и успешно работи од 1992 година

Компанијата Соро Промет се занимава со откуп на жито и производство на сточна храна и успешно работи од 1992 година . Тие се уште една успешна ИПАРД приказна и позитивен пример, имаат аплицирано преку ИПАРД 2 програмата и добиено средства за покривање на трошоци за набавка на фотоволтаична централа на постоечки објекти, менување на кровна покривна конструкција, набавка на машина-вилушкар за манипулација (утовар-истовар на производи) Телехендлер Manitou MLT X 1035 LT LSU, како и средства  за изработка на Деловен План и Консултантски услуги.

Новата ИПАРД 3 програма носи нови можности за македонското земјоделство. Реализацијата на новата ИПАРД 3 програма статруваше на 1 септември, со распишување на првиот јавен повик за мерките 1 и 7, каде на располагање се ставени првите 30 милиони евра наменети за инвестиции во македонското земјоделство.

Споделувајќи ги успешните ИПАРД искуства од корисниците ја доближуваме до секој граѓнин нашата успешна ИПАРД приказна. Од 12 септември, на терен,  ја започнавме информативна кампања, презентирајќи ги до секој граѓанин можностите кои се ставаат на располагање за македонското земјоделство со новата ИПАРД 3 програма.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close