fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бешлиевска – „Стрежево“ е во кондиција да продолжи со испорачување на вода!

Директорката на ЈП „Стрежево“ Битола, м-р Вера Бешлиевска зборува за состојбата со Стрежевското Езеро по долгото и сушно лето.

Колку вода има во акумулацијата „Стрежево“ и дали има простор за загриженост од недостиг на вода по долгото и сушно лето? 

Потрошувачката на вода во Хидросистемот Стрежево е многу варијабилно и комплексно прашање кое зависи од многу фактори и променливи, а првенствено зависи од временските прилики. Сведоци сме на една крајно неповолна хидролошка состојба, естремно топло и сушно лето со изразени и зачестени топлотни бранови кои предизвикаа екстремна потрошувачка на вода, како за потребите за водоснабдување со вода за пиење така и за водоснабдување за наводнување.

Објективни компарации единствено може да се вршат само со слични години кои се окарактеризирани како хидролошки крајно неповолни, а од друга страна се пропратени со топло време, долго лето и сушен период.

Како и за секоја акумулација која е изградена за решавање на водостопанските потреби, така и за “Стрежево”, карактеристистични се перманентните осцилации на нивото на водата.

Сведоци сме на најсушната година изминатата деценија, а ова е втора најсушна година на претпријатието од постоењето, а илустрација за тоа се само два заврнати дожда во битолскиот регион во целиот летен период.

Со моето доаѓање за директор на претпријатието на 7 август имавме на располагање околу 54 милиони m3 вода, а на почетокот на сезоната за наводнување на 27 мај, акумулацијата Стрежево имаше волумен од 90 милиони m3вода. Во месец јуни оваа година се потрошени 11.039 милиони m3 вода, а во јули рекордни 20,909 милиони m3 вода.

За споредба на денешен ден во 2021 година сме имале кота од 712,63 m н.в или волумен на акумулацијата од 39 милиони m3, во 2022 година кота од 722.73 m н.в или 65.762 милиони m3, во 2023 година кота од 717.84 или 51.162 милиони m3.

Од почетокот на сезоната за наводнување до моето доаѓање на 7 август беа потрошени над 36 милиони mвода. Претпријатието го затекнав во екот на наводнителната сезона во извонредно сложени услови, во исклучително долготрајно сушно лето и крајно неповолна хидролошка состојба.

Уште од првиот ден целосно се вложив во управувањето на користењето на водите и овие неколку недели со максимално одговорно и навремено управување со водите заедно со инженерскиот тим и вработените успеавме да обезбедиме контролирана и континуирана испорака на во­да.

Денес акумулацијата располага со кота од 714.90 m н.в или 45 милиони mвода, што претставува нешто помалку од половината од нејзиниот вкупен капацитет.

Изминатиот период презедовме мерки за максимално рационално пуштање на водата, намалување на загубите на вода на минимум, штедење на водата, ефикасно и одржливо функционирање и користење на системот.

Нема никаков простор за загриженост, испорачуваме вода со планираната динамика. Имаме обезбедено вода за непрекинато, квантитативно покривање на потребите од непреработена вода во те­р­моенергетската и комунално-индустриската сфера, и тоа пред се водоснабдувањето на градот Битола и околните населени места, рударско енергетскиот комбинат – РЕК “Битола” и локалните индустриски капацитети.

Со контролираното управување со водите се овозможи продолжување на сезоната за наводнување и за месец септември.

Поради високите температури испорачуваме максимални количини на вода кон ЈКП “Водовод” Битола, а во овој период од годината битолски “Водовод” се снабдува со вода од акумулацијата Стрежево.

 

Дали има водотеци кои пресушиле во изминатиот период, кои влегуваа во системот на Стрежево, и како понатаму ќе се стопанисува со ХС „Стрежево“ ?

 

Водостоите на реките во Македонија, вклучително и припадните води во сливното подрачје на Хидросистемот Стрежево согласно нашите податоци и податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи како последица на долгото, сушно и екстремно жешко лето се значително намалени, а на одделни водотоци и двојно пониски од просечните за овој период од годината.

Зафаќањето и собирањето на водите од сливното подрачје на хидросистемот Стрежево го вршиме во есен, зима и пролет и тоа од октомври до мај.

Од хидролошки аспект пресметките на годишно ниво се вршат од први октомври и оттогаш сеопфатно ќе можеме да ги анализираме во целост сумарните и изразените негативни вредности односно отстапувања во однос на температурите и количините на врнежи од просечните.

Претпријатието следниот период ќе биде целосно посветено на својата примарна цел – достапност до до­во­­­лно количество квалитетна вода, заштита, зачувување и постојано подо­бр­у­ва­ње на расположливите водни ресурси.

Oбезбедување на економично стопанисување, користење, функционирање и одржување на хидросистемот Стрежево е врвен приоритет.

И на крајот да резимираме, Стрежево е во кондиција да продолжи со испорачување на вода со потребната планирана динамика за стабилно водоснабдување и функционирање на термоенергетската и комунално – индустриската сфера.

 

 

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close