fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши: Буџетот е ликвиден, сите обврски се исплаќаат редовно

Тој нагласи дека од најавената позајмица од 900 милиони евра, најголем дел од средствата ќе бидат наменети за враќање на долгови од претходните влади.

Во буџетот има пари и сите обврски на Владата, како што се пензии, плати, но и обврските кон компаниите, се исплаќаат редовно, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 во кој се дебатираше за ребалансот на Буџетот.

– Ребалансот помина на Влада. Опозицијата не се појавува на дебати, но еве би сакал да ги поканам во Собрание да дебатираме за нивните предлози, посочи Бектеши.

Тој нагласи дека од најавената позајмица од 900 милиони евра, најголем дел од средствата ќе бидат наменети за враќање на долгови од претходните влади.

– Како што објасни и министерот за финансии и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследивме од претходните влади, рече Бектеши.

Министерот за економија истакна дел од овие средства ќе бидат искористени и за нови мерки, што ги подготвува Владата за помош на граѓаните и компаниите, а пред се за социјално загрозените категории.

– На почетокот на годината предвидовме 100 милиони евра за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра, повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните, порача Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close