Бектеши ги повика турските компании да инвестираат во Северна Македонија
Министерот за економија Крешник Бектеши во официјалната посета на Турција
Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на официјалната посета на Турција, имаше средба со претставници на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТООБ), како и со претавници на Асоцијацијата на градежници на Турција и со одделни стопанственици.
Министерот Бектеши на средбата со Али Копуз, потпретседател на ТООБ истакна дека Северна Македонија и Турција имаат долгогодишни цврсти односи и пријателски чуства. И покрај тоа што билатералната трговијата меѓу двете земји во континуитет расте, има голем простор трговскиот обем да порасне уште повеќе. Информираше дека со цел да се подобри трговската соработка веќе е започната постапка за ревидирање и надградување на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, соопшти Министерството за економија.
– Сакаме да упатиме порака до стопанствениците дека како пријателска земја, како Влада ќе направиме се за да ги подобриме условите за зголемување на соработката, како и за влез на нови турски инвестиции во земјата. Сакаме да направиме нов Договор кој ќе значи дополнително зголемување нашите билатерални односи, кажа Бектеши по средбата во ТООБ.https://nezavisen.mk/bekteshi-gi-povika-turskite-kompanii-da-investiraat-vo-severna-makedonija/