fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши оптимист, лебот, млекото и месото ќе поевтинат следните десет дена

Министерот најави дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец во делот на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.

Цените на основните прехранбени производи во наредните 10 дена ќе имаат намалување. Ова особено се однесува на оние основни прехранбени производи кои се наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите.

„Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи“,нагласи Бектеши.

Според него, ако суровините останат на истите увозни цени, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања.

Министерот најави дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец во делот на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.

Според Бектеши, преку Царинската управа се следат увозните цени на производите.

„Таму почна да има намалување, а листата на тие што ќе добијат субвенционирана струја ќе се достави до Државниот пазарен инспекторат и ќе се направат соодветните контроли. Ги повикувам потрошувачите и граѓаните, доколку утврдат дека нема намалување на овие производи согласно процентите, да пријават во Државниот пазарен инспекторат се со цел да намалат и тие цени и залихи кои се направени од одредени компании“, додаде Бектеши.

Министерот рече и дека сметките за струја и топлинска енергија нема да бидат драстично зголемени од први јануари идната година. Тој додаде дека Регулаторната комисија веќе ги прави пресметките, а најави и дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи е овозможено непречено снабдување со двата енергенси до крајот на грејната сезона.

„Сметките може да бидат повисоки, но и пониски, но нема има драстично поскапување“, додаде Бектеши.

Министерот за економија соопшти дека се уште не е донесена одлука, дали од 15 ноември, скопјани ќе се греат на гас или на нафта, но не сакаше да открие други детали во однос на снабденоста со дизел во државните резерви.

„Секоја топлана според законот мора да има обезбедено друго алтернативно гориво – масло за домаќинства, мазут или дизел, а сега во моментот топланите работат на гас. Снабдувањето со топлинска енергија ќе биде непречено до крајот на грејната сезона“, истакна Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close