fbpx
Вести

Јадеме поскапи хамбургери и јајца, но поевтини леб, масло, шеќер и се возиме со поевтин бензин

 

jademe poskapi hamburgeri i jajca no poevtini leb maslo shekjer i se vozime so poevtin benzindownload (3)

Јадеме поскапи хамбургери и јајца, но поевтини леб, масло и шеќер, а и автомобилите ги возиме на бензин со пониска цена. Лани со просечната плата Македонците можеле да купат 47 килограми леб, 88 литри масло за јадење, дури 280 килограми шеќер и 59 литри бензин повеќе во однос на 2011 година. Но останале покуси за 247 јајца и 15 хамбургери. Ова го покажуваат дел од анализите во публикацијата на Државниот завод за статистика за „Макстат избор“. Во делот за цени и инфлација преку интересен графикон е прикажан падот и растот на дел од цените во 2015 година споредено со 2011 година. Откако Статистика не ја мери потрошувачката кошничка на домаќинствата, каде што беа прикажани просечните цени на сите производи нужни за основна егзистенција на домаќинствата со статистички просечни неопходни количини, во оваа база се единствените споредливи податоци на цени на одреден производ. Статистика одбрала шест артикли чии цени ги споредувала лани со 2011 година и податоците покажуваат дека процентуално има двоцифрен пад кај цените на дел од производите, а кај други мал раст.

Големи просечни падови на цените

Разликата во просечните плати лани во однос на 2011 година е во нешто над 1.000 денари. Така, лани Македонецот зеле во просек по 21.903 денари месечна плата, а во 2011 година просекот бил 20.846 денари. Разликата, пак, во повеќето или помалку набавени количини лани во однос на 2011 година е во тоа што во 2011 година имаше драстичен пораст на цените кај дел од производите поради глобалната економска криза. Тоа се одразува во цените и количините што може да се набават од одреден производ.

Така, Статистика пресметала дека кај основниот прехранбен производ за Македонците, лебот, цената лани споредена со пред пет години е пониска 6 отсто. Во 2011 година килограм леб од пченично брашно (тип 500) чинел во малопродажба 53,31 денари, а лани за истата количина граѓаните плаќале 50,04 денари. Математиката покажала дека со тогашната просечна плата во 2011 година Македонците можеле да купат 391 килограм леб, а лани дури 47 килограми повеќе или 438 килограми леб.

Втор анализиран производ е маслото за јадење, каде што Статистика пресметала дека во истиот период има пад на цената од 22 процента. Литар масло во 2011 година чинело 83,59 денари, а лани 64,95 денари. Во однос, пак, на платите, анализата покажала дека во 2011 година со просечна плата можеле да се купат 249 литри масло за јадење, а лани 88 литри повеќе или 337 литри масло.

Најголем пад на цената од неверојатни 40 отсто има кај цената на шеќерот кој во 2011 година чинел 55,79 денари за килограм, а лани 33,53 денари. Така, лани Македонец со просечна плата можел да набави дури 280 килограми повеќе шеќер од 2011 година, односно 654 килограми, а во 2011 година само 374 килограми.

Пад на цената лани во однос на 2011 година има и кај бензинот „евросупер БС-95“. Литар од овој бензин во 2011 година се продавал во просек за 76,09 денари, а лани за 65,80 денари. Математиката покажува дека со ланската просечна плата Македонците можеле да набават 59 литри бензин повеќе од 2011 година. Или лани со просечна плата можеле да се купат 333 литри, а пред пет години 274 литри бензин.

Покуси за 15 хамбургери

Kај два од шесте споредувани производи Статистика лани измерила повисоки цени во однос на 2011 година. Така, пораст на цената од 15 отсто имало кај јајцата, а кај хамбургерот порастот бил 11 отсто.

Едно јајце во 2011 година се продавало по цена од 7,04 денари, а лани по 8,07 денари. Така, со просечна плата во 2011 година граѓаните можеле да набават 2.961 јајце, а лани 247 помалку или 2.714 јајца.

Лани сме останале покуси и за 15 хамбургери во однос на тоа колку сме можеле да купиме со просечна плата. Со просечната плата во 2011 година можело да се набават 240 хамбургери кои тогаш имале просечна цена од 81,85 денар, а лани 255 хамбургери оти просечната цена скокнала на 91,14 денар.

Тагови

Слични написи

7 Comments

  1. Może to być denerwujące, gdy twoje relacje są zakłócone, a jej telefonu nie można śledzić. Teraz możesz łatwo wykonać tę czynność za pomocą aplikacji szpiegowskiej. Te aplikacje monitorujące są bardzo skuteczne i niezawodne i mogą określić, czy twoja żona cię oszukuje.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close