fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Доматите, краставиците и пиперките ем скапи, ем ги нема

Намаленото производство на земјоделски производи ги качи цените. Земјоделците велат дека климатските промени и короната си го направија своето. Поради короната годинава го намалија производството на домати, пиперки, зелка..., а и климатските промени им изедоа дел од родот. И во Струмичкиот регион, кој е познат по производство на домати и пиперки и каде секоја година има за извоз, годинава тоа не е случај. Трговците и извозниците за да можат да ги исполнат договорните обврски кон странските партнери откупуваат сè од нивите и тоа по цени кои се многу повисоки од порано.

Цените на земјоделските производи летово никако да паднат, а на зелените пазари тезгите се сè попразни. Земјоделците велат дека климатските промени и короната си го направија своето. Поради короната годинава го намалија производството на домати, пиперки, зелка…, а и климатските промени им изедоа дел од родот. Помалата понуда и извозот ги качи цените и на оние земјоделски производи кои се со послаб квалитет и кои изминатите години на тезгите по пазарите се продаваа за бадијала. И во Струмичкиот регион, кој е познат по производство на домати и пиперки и каде секоја година има за извоз, годинава тоа не е случај. Трговците и извозниците за да можат да ги исполнат договорните обврски кон странските партнери откупуваат сè од нивите и тоа по цени кои се многу повисоки од порано.

Доматите и краставиците држат цена и се откупуваат по цена од 50 денари за килограм, но нема доволно производство. Намаленото производство се должи на лошите временски услови, но и на намалените површини и доколку и наредните сезони продолжи ваквиот тренд ќе се соочиме со недостиг од производство.

-Голем дел од земјоделците ги намалија засадените површини со градинарски култури, бидејќи поради короната не знаеја дали ќе можат да ги продадат. Дел од земјоделските култури настрадаа поради климатските промени, па поради тоа значително се намали понудата. Во Струмичко доматите се продаваат по 50 денари за килограм на големо, а пиперките и краставиците се откупуваат по цени од 50 до 60 денари за килограм. Има извоз, а доаѓаат и многу прекупци кои го откупуваат целото производство, вели претседателот на Регионалниот сојуз на земјоделци, Ристо Велков.

Според него, за да не се соочиме со недостиг од одредени земјоделски производи треба да се има стратегија и однапред да се планира производството и да не се доведеме во ситуација зелката да ја продаваме по 3 денари за килограм како лани.

-Сите мислат дека земјоделците само се жалат, а имаат голема заработка, но не е така. Многу се поскапени репроматеријалите, препаратите (фунгициди, пестициди…), ѓубривата и нафтата, вели Велков и додава дека има интерес и за црвената пиперка под пластеници, која се откупува 30 денари за килограм, односно 20 за таа која е наменета за преработувачките капацитети.

Според експертите драстичните промени во климата, односно студен период во фазата на расадување и екстремно високите температури и сушата во периодот на зреење влијаат на квантитетот, но и на квалитетот на производството.

Градинарското производство од Струмичко годинава се извезуваат на пазарите во Русија, Украина, поранешните југословенски пазари и во земји членки на ЕУ.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close