Бесими-Денарот е стабилен, ќе го штитиме по секоја цена
„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми“, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање.
Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот.
Оваа порака до јавноста ја испрати министерот за финансии Фатмир Бесими, по шпекулациите кои се појавија во јавноста за курсот на домашната валута.
„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми“, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање.
Инфлацијата, рече министерот, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.https://faktor.mk/besimi-stavi-kraj-na-shpekulaciite-za-kursot-dernarot-e-stabilen-kje-go-shtitime-po-sekoja-cena