fbpx
Вести

Проширување на мрежата од системот за наводнување „Маркова брана“

Земјоделците од струмичко Куклиш бараат да се инвестира во проширување на каналската мрежа зад браната Маркова река. Системот за наводнување кој беше изграден минатата година деновиве беше ставен во функција за раноградинарите кои ја отпочнаа сезоната. Нивите веќе не ги наводнуваат со вода од бушотини туку од системот.

proshiruvanje na mrezhata od sistemot za navodnuvanje markova brana

 

Доколку дозволи капацитетот на браната да се прошири каналската мрежа, побара од задругата Веге фреш на средбата со одговорните на Државното акционерско друштво Водостопанство. Според нив има околу 100 хектари земјиште кое треба да биде опфатено со системот.
Од АД Водостопанство во државна сопственост информираа дека годинава акцент ќе се става на санација на каналските мрежи за наводнување.
Системот на браната Маркова река е долг 15 километри и треба да обезбедува вода за наводнување на околу 300 хектари земјоделско земјиште.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close