fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бесими тврди дека борбата против сивата економија е дел од напаѓаната реформа

Министерот за финансии преку колумна ја брани даночната реформа што предизвика големи реакции во државата

Министерот за финансии Фатмир Бесими преку колумна ја брани даночната реформа што предизвика големи реакции во државата. Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.Во неа стои:

„Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија.

Суштинската анализа и широката јавна дебата се значаен дел на реформата

Наплатата на давачките кај нас е далеку под европскиот просек, а заостануваме и зад регионот. И во претходната колумна го опфатив ова, но важно е да се посочи бидејќи ова е суштината која покажува дека треба и мора да има системски промени. Во периодот од 2008 до 2020 година присутен е значителен јаз помеѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ-27 и во Северна Македонија. Во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4% во БДП на ЕУ-27, додека во Северна Македонија со 27,7%. Овој јаз дополнително се продлабочува и зголемува низ годините. Во однос на земјите од Западен Балкан, исто така, убедливо имаме најмало остварување. Учеството само на даночните приходи во БДП кај нас е уште помало, и во 2020 година изнесуваше 16,1%. Според експертите на Светската банка, уделот на даночните приходи во БДП е важен за економскиот раст и намалување на сиромаштијата, бидејќи осигурува дека државите располагаат со потребните средства за да инвестираат во иднината и за да постигнат одржлив економски раст. Развиените земји, вообичаено, имаат повисок удел, просекот кај земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е 33,8% во 2019 година, или двојно во однос на нашиот резултат.

Согласно овие податоци, очигледно е дека има потреба од промени во системот. Даночната реформа, не е ad hoc решение за итно зголемување на приходи на буџетот во услови на криза. Тие досега се реализираат согласно планот и постојано сме ги корегирале нагоре со ребалансите. Реформата е важна за идниот економски раст и праведноста во даночното оптоварување. За да биде одржлива, покрај темелната анализа, таа треба да помине низ инклузивен процес на широка дебата. Како што би рекол францускиот писател и моралист Жозеф Жубе „Подобро е да се дебатира за прашање без да се реши, отколку да се реши прашање без да се дебатира“.https://nezavisen.mk/besimi-tvrdi-deka-borbata-protv-sivata-ekonomija-e-del-od-napagjanata-reforma/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close