fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Нестабилно време денеска, стабилизација од среда, за викенд повторно дожд

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Можно е да е слика од текст кој вели „Ден Среда (20.08) Четврток (21.08) Време Петок (22.08) Ветер Сабота (23.08) Недела (24.08) Мин.тем. (°C 10 до 18 10 до 19 Мак.тем. (°C 28д 28 до 35 11 до 20 29 до 37 12 до 20 10 до 18 31до37 27 до 34 25 до 33“

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Според прогнозите на УХМР, од среда до петок се очекува стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close