fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бесплатна анализа на почвата во Општина Илинден

Целта на ова испитување е земјоделците да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат, за правилно и навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите – соопштија од Општина Илинден.

Со цел унапредување на земјоделието, Општина Илинден и оваа година спроведе акција за испитување на квалитетот на обработливата почва од 20 локации од целото нејзино подрачје во сите населени места.

Агрохемиските анализи за квалитет на почва се направени во акредитирана лабораторија на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

-Целта на ова испитување е земјоделците да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат, за правилно и навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека заедно со добиените анализи од минатата година, било извршено испитување на околу 40% од обработливата почвата на територија на општина Илинден.

Резултатите од добиените анализи граѓаните имаат можност да ги погледнат директно на официјалната веб страна ilinden.gov.mk.

Овој проект како дел од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022- 2026 ќе се спроведува континуирано, со цел да се опфатат повеќе земјоделци и да се добијат подетални информации за квалитетот на земјиштето .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close