fbpx
Вести

Шест милиони евра за развој на скопскиот плански регион

Шест милиони евра идната година ќе бидат наменети за развој на Скопскиот плански регион. 17 општини ќе имаат можност преку проекти да ги развиваат руралните места.

Од ресорното министерството велат- локалните самоуправи ќе добијат целосна подршка за инфраструктура во селата, вода и подобар живот.

Градоначалниците од Скопскиот плански регион ја одржаа конститутивната седница. Од следната недела почнуваат со изготвување проектна документација. Лоцирани се проблемите на кои треба да се работи за да се обезбедеи рамномерен регионален развој.

Преку проект кој ќе се реализира во соработка со Швајцарската влада, централната власт од идниот месец ќе има увид во целосната финансиска подршка што ќе ја добиваат сите општини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close