вестиТоп вести

Без наука и нови технологии нема да има современо земјоделско производство

Државните земјоделски институции да се симнат на терен и да ги едуцираат земјоделците за осовременување на производството и негова заштита.

Вака сметаат здруженијата и фармерите од овој дел на државата кои тврдат дека подdршката се сведува само на субвенционирање, но не и за едукација за поквалитетно и современо производство

Дека не се имплементираат нови методи во земјoделското производство вели и универзитетскиот професор Душан Спасов.

Смета дека нивните научни трудови за осовременување и заштита остануваат на хартија иако според него науката и примарното произвoдство треба да ги спои Агенцијата за заштита и развој на земјоделството.

Борис Зекиров вели дека во примарното призводство е потребна наукaта бидејќи фармерите и понатаму работат на своја рака.

Во Струмичко последниве години се повеќе има необработливи земјоделски површини, а по нивите многу малку ги има младите земјоделци.

извор:24.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close