Без промоција и основна инфраструктура на Шар Планина нема да заживее летниот како и руралниот туризам
Пензионерот Демир Сефери од тетовска Шипковица е еден од ретките кои решил да се занимава со летен туризам на Шар Планина.
Дел од туристичките работници пак освен во државата вината за ваквата состојба ја гледаат и во самото локално население, кое може да жиее од летниот односно руралниот туризам, но кон сето тоа гледа со скепса.
-Ние откупуваме некои локални производи од локалното население потоа ги преработуваме и нормално ги продаваме. Имаме мала подршка од државата, но имаме голема желба за работа и понатаму ќе бидеме посветени за развој на туризмот. Нашата улоога е едукативна да го едуцираме населението дека со користењето на тие локални билки и производи можат да останат и да егзистираат од планината. Има потенцијал но мора да има едукација на локалното население да му се објасни кои се придобивките што живееме на планината и не треба да се срамат ако произведуваат локална храна и слично и се разбира инфраструктурата треба да се подобри, на тоа сите се надеваме, истакна Хашим Хасани сопственик на хотел на Попова Шапка.
Дел од туристичките работници се надеваат на подобрување на состојбата, по прогласувањето на Шара за национален парк.
-Ние сме сточарско претпријате со 500 овци и 40 коњи, со кои организираме тури за туристите. Почнавме пред 3 години со турите. Видовме дека имаше многу интерес од туристите за јавање на коњи.Во претпријатието имаме производство од 25 тони бело сирење кое се продава по рестораните, но нудиме и локална храна качамак сирење како и леб во фурна. Оваа иницијатива за прогласување на Шара за национален парк би придонело да се промовираат нашите производи како локална здрава храна, рече Насер Џемаили сопственик на сточарската фарма.
Инаку постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк е во завршна фаза. Според најавите на Министерството за животна средина законот наскоро ќе се изгласа во собранието, потоа следува формирање установа која ќе управува со паркот како и ренџерска служба.
Зоран Димовски за Зелена берза