fbpx
ВестиТоп вести

Безбеден производ-   приоритет на секој производител на храна

 

Безбеден и здрав производ е приоритет број еден на секој производител. Само со микробилошки  и хемиски анализи може да се утврди дали производот е безбеден и здрав. Кога ќе се потврди дека производот е здрав тогаш може да се дистрибуира до оној за кој е наменет, односно потрошувачите.

„И производителите и потрошувачите стануваат свесни  што значат анализите на производите наменети за храна. Во нашата лабораторија од ден на ден се зголемуваат комитентите што ги бараат услугите на Проанализ“, вели Славица Милошевска маркетинг менаџер во лабораторијата.

Од почетокот на оваа година услугите на Проанализ Струмица ги користи и млекарницата „Млечен  пат“ од Кавадарци. Иако релативно млада фирма сепак со своите производи  се наметнува на пазарот. Сирење,  кашкавал и урда се производите што оваа млекара ги произведува.

„Свесни сме дека само со квалитет можеме да ги освоиме потрошувачите и токму затоа од особено значење ни се анализите што ги извршуваме во Проанализ Струмица. Моментално во млекарницата искористен е 70% од нејзиниот капацитет. Произведуваме само тврди производи и многу ни е важен квалитетот на сировината (кравјо и овчко млеко) која најчесто доаѓа од нашето опкружување, во Кавадарци и Велешко“, вели за Зелена берза  управителот Марина Манева.

Освен од  млекото анализи се вршат и на готовите производи. Хигиената  во процесот на производство е од големо значење и не се штеди на тоа. Редовно се извршуваат анализи на брисеви земени од  просториите и предмети и машини  кои што се директно  вклучени во процесот на производство.

„Ја одбравме Проанализ лабораторија  оти се многу принципиелни и внимателни. Сами ги земаат мострите и резултатите ги испраќаат на време. Брзото добивање на резултатите нам многу ни е важно, бидејќи месечно  од секој производ се земаат по 5 мостри. Од резултатите на анализите со сигурност  го знаеме квалитетот и безбедноста на производот  што ни е гаранција за нашата работа. Од самото отворање на нашите  капацитети  бевме оценета како  една од најубавите млекарници  во која се имплементирани сите потребни  стандарди кои произлегуваат од законската регулатива, вели Манева. Сакаме оваа оцена да ја задржиме и во иднина“, додава таа.

Од млекарницата „Млечен пат“ велат дека ќе продолжат да соработуваат со Проанализ Струмица  и се надеваат дека нивните производи кои во моментов  најмногу се дистрибуираат по ресторани и угостителски објекти во централниот дел на државата  во иднина ќе се најдат и пошироката трговска мрежа ширум земјата. Производите се прават од млеко кое не содржи никакви додатоци и конзерванси, а тоа може да се потврди само со лабораториска анализа.

П.Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close