Битиќи го обра лозјето: Со шешир на глава и гајба во раце се фати за работа
Минатата година остваривме рекордни 60 милиони евра девизен прилив од продажба на вино, со што се најдовме на високото 13-то место во светот. Нека е среќна и бериќетна оваа берба, да продолжиме да го зголемуваме квалитетот на винското грозје и светот да го освојуваме со уште поквалитетни вина, напиша вицепремиерот Битиќи на Фејсбук.
На еден од најпознатите вински тероари Лепово, Кавадарци, винарската визба Тиквеш со дипломатски гроздобер, го означи почетокот на овогодишната берба на грозје, објави Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, на неговиот Фејсбук профил.
– Ги исековме првите гроздови кои се плод на напорна и посветена работа, на квалитетниот тероар и топлото македонско сонце. Квалитетот на виното зависи од квалитетот на грозјето, па затоа и нашето вино ги освојува винските љубители во целиот свет. Минатата година остваривме рекордни 60 милиони евра девизен прилив од продажба на вино, со што се најдовме на високото 13-то место во светот.
Нека е среќна и бериќетна оваа берба, да продолжиме да го зголемуваме квалитетот на винското грозје и светот да го освојуваме со уште поквалитетни вина, напиша вицепремиерот Битиќи на Фејсбук.