fbpx
ВестиТоп вести

Бизнис заедницата со допис до МЗШВ и Анѓушев бара укинување на скалестото субвенционирање во земјоделството

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) испратија официјален допис до Министерството за земјоделство со кој бараат да се поттикне дискусијата и решавањето на проблемите што ги засегаат микро, малите и средните претпријатија од земјоделскиот бизнис сектор.

Укинување на скалестиот систем на субвенционирање во земјоделството, измена на Законот за семенски и саден материјал, како и подобрување на конкурентноста на македонското земјоделско производство, се трите идентификувани проблеми за кои коморите во дописот нудат и предлог-решенија.

Копија од дописот, како што информираат, е доставена и до Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Повикуваме на конструктивен дијалог за заедничко креирање на сите политики кои ја засегаат бизнис заедницата за да се избегнат непоправливите штети врз македонското стопанство од законските решенија во кои не се земени предвид сите релевантни фактори, стои во дописот.

Изминатиот период четирите стопански комори организираа информативни настани и форум дискусии во повеќе градови низ државата за да се слушне гласот на бизнис заедницата. На овие настани учествуваа голем број компании од повеќе сектори. Активностите се дел од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, финансиран од страна на УСАИД и имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори, објави 24 инфо. 

24 инфо

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close