fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Млекарите незадоволни и без одговори си заминаа од средбата со Хоџа

На министерот му кажавме дека си ги бараме субвенциите, бараме повисоки откупни цени и да ни се исплати персоналниот данок, ама тој ни рече дека сега нема одговори за тоа, велат сточарите по средбата во Скопје.

Млекарите од Пелагонија денеска се сретнаа со министерот за земјоделие Арјанит Хоџа, но наместо да им понуди решение на нивите проблеми тие велат дека се незадоволни од средбата и без одговори.

Сточарите од Пелагонискиот регион по средбата со министерот Хоџа велат дека се лути што темата на денешниот состанок не била за тоа што тие сакале да разговараат, за неисплатените субвенции и ниските откупни цени на млекото, туку МЗШВ организирало состанок на кој се разговарало за квалитетот на млекото, што за нив воопшто не е приоритет, туку тоа може да се остави за подоцна кога ќе се решат нивните најголеми проблеми што останаа без субвенции за наназад цела година.

-Се повеќе пропаѓаат малите краварски фарми, на министерот му кажавме дека си ги бараме субвенциите, бараме повисоки откупни цени и да ни се исплати персоналниот данок, ама тој ни рече дека сега нема одговори за тоа, дека ќе организира нова средба за околу 1 месец на која што ќе ни даде поконкретни одговори. Не разбираме како може цела година да немаме субвенции, а ние ги храниме кравите 365 дена. Затоа бараме субвенциите итно да ни се исплатат.  Ние остануваме на нашиот став дека малите сточарските фарми  пополека пропаѓаат, откупните цени се пониски за еден денар во последните месеци, што е директен удар за нас, бидејќи драстично поскапува храната . Млекарниците не се заинтересирани за откуп на млекото бидејќи се повеќе го увезуваат во цистерни. Затоа прашуваме какво млеко пиеме од Србија, со каков квалитет, вели Борче Бучински сточар од Могила.

Сточарите велат дека допрва ќе се договорат дали ќе организираат протести.

Тим на Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close