fbpx
Вести

Блокиран преминот Богородица-Евзони

Час и половина  беше блокирана границата Богородица-Евзони во текот на вчерашниот ден. Трактори и друга тешка земјоделска механизација поставија фармерите на рампите од грчка страна, а сообраќајот целосно беше запрен.

Голем број возила се собраа во меѓупросторот на македонско-грчката граница. Грчките фармери не дозволуваа влез ниту излез од државата, за патничките автомобили, но и за камионите.

blokiran preminot bogorodica evzoni

 

Според македонските погранични служби, грчките колеги не ги известиле дека ќе има блокади, па биле изненадени од гужвата што почнала да се создава во меѓупросторот. Протестот започна вчера попладне во 12.30 часот по македонско време, и траеше до 14 часот.

Според грчките медиуми станува збор за масовен штрајк на грчките земјоделци кој опфаќа блокади на гранични премини и автопати. Илјадници земјоделци излегуваат на улица изразувајќи го незадоволството од новите измени што ги спроведува владата во оданочувањето. Според најавите од фармерите, блокадите во Грција ќе се засилуваат.

Македонската гранична полиција не знае дали блокадите ќе се прошируваат и на останатите гранични премини во наредните денови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close