Тутунарите од Велешко задоволни од откупот на тутунот

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

tutunarite od veleshko zadovolni od otkupot na tutunot

Над 1.500 тутунопроизводители од општините Велес, Чашка, Градско и Лозово можат да бидат задоволни со годинашниов откуп. Досега се откупени над 180 тони квалитетен тутун од првата берба, со просечна цена помеѓу 150 и 200 денари по килограм. Задоволни сме и од цената и од односот на откупувачите и проценката на тутунот, но најмногу од фактот што исплатата е најдоцна до седум дена од денот на предавањето на оваа култура, велат задоволни тутунопроизводителите.

Инаку, годинава оваа индустриска култура според склучените договори беше застапена на површина од околу 1.500 хектари, а со одгледување се занимаваа над 1.600 семејства. Се очекува да бидат предадени помеѓу 1.200 и 1.400 тони квалитетен тутун.

 

Share Button