fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМеханизацијаОгласникТоп вести

СИНПЕКС Битола за своите клиенти овозможува бесплатна апликација за набавка на трактор

Аплицирајте на огласот за доделување на финансиска поддршка за набавка на трактори.

Почитувани земјоделци, СИНПЕКС Битола ви овозможува бесплатно пополнување на апликацијата, документите за набавка на трактор, во согласност со огласот за доделување на финансиска поддршка –Набавка на трактори.

Не ја пропуштајте можноста!

Затоа јавете се на следните броеви и информирајте се.

078328332
070307560
078328315
078328340

КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

  • Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Напомена: Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.4 изнесува 3.500.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на трактор, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик!

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и

– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и

– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje ipardpa.gov.mk Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со: Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 64/22, 81/22 и 88/22) Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19 – 110/21 ) Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,

Крајниот рок за доставување на барањата за исплата на e-baranje ipardpa.govmk е 20.05.2022 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close