fbpx
ВестиВкусот на традицијата

Богатството на Малешевијата, спакувано во тегла

Богатството од Малешевијата спакувано во тегли и одлична формула за успешен бизнис. Дипломираниот инженер по заштита при работа, Илчо Христов од Берово, без ниту ден искуство во професијата, 24 години живее од шумското богатство подготвувано по рецептите на мајка му. Неговите производи ги откупуваат сите хотели и ресторани во Малешевијата.


Прво почнав со малку, а сега работам турбо. Задоволен сум, Работам 4 месеци, а потоа 8 месеци одморам, изјави Илчо Христов.

Годишно Илчо произведува по 3 илјади бројки овошни сокови и најразлични видови слатка. Вели дека рецептите на мајка му ги усовршил и на производите им дава сопствен белег, па добил 6 сертификати за квалитет на своите производи.

Најмногу се бара боровинката со шеќер и без шеќер, но и шумксата јаготка која вреди колку за четири домашни јаготки по енеретската вредност. Овие производи се здрави, од природата, не се прескани, рече Христов.

Сепак, годинава, поради сушаа беше тешка и за собирачите на шумско овошје.
Има боровинка средно, лани немаше ич, дива малина има, ама малку сушата ја зафркна, важно е да ги познаваш регионите од каде можеш да ги береш, кажа Христов.

Малешевските екопроизводи се барана храна од сите туристи и добронамерници, а формулата на Христов за егзистенција од природата ја следат уште неколку беровски семејства кои со популаризацијата на Малешевијата како посакувана туристичка дестинација, последниве години успешно го надополнуваат домашниот буџет.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close