Микробиолошки ѓубрива како замена за минерални ѓубрива и пестициди

(Oвој напис е објавен на: November 30, 2018)

Микроорганизмите имаат клучна улога во минерализација на органските соединенија, мобилизација на тешко растворливите неоргански соединенија, а растенијата ги снабдуваат со хранливи материи и учествуваат во формирањето на приносот на одгледуваните растенија. За да се ублажат негативните ефекти во интензивното земјоделско производство се применуваат микроорганизми кои во одреден дел можат да ги заменат минералните ѓубрива и пестицидите.

Земјиштето е сложен и динамичен екосистем, во кој се одвиваат многу физички, хемиски и биолошки процеси кои овозможуваат кружење на материите во природата. Микроорганизмите кои се наоѓаат во земјиштето, учествуваат во неговото создавање и одржување, како и во зголемувањето на плодноста. Како што тврди дипломираниот инжинер за земјоделство и градинарство – Милица Попадиќ, најповолни услови за работа на микроорганизмите имаат земјиштата со неутрална реакција (pH вредност 6,50 – 7,20), добра структура, поволни водено – воздушни особини (60-70% вода во порите) и земјиштата кои содржат органски материи, односно хумус над 2%.

Микроорганизмите најактивни во пролет и рана есен

Застапеноста на микроорганизмите е од сезонски карактер, а најбројни и најактивни се во пролет и рана есен, кога има доволно влага, како и кога температурите се од 20-30 °C и тоа во земјиште до 40 сантиметри длабочина, каде што има доволно кислород и органски материи. Микроорганизмите имаат клучна улога во минерализација на органските соединенија, мобилизација на тешко растворливите неоргански соединенија, а растенијата ги снабдуваат со хранливи материи и учествуваат во формирањето на приносот на одгледуваните растенија.

Микроорганизми наместо ѓубрива и пестициди

Попадиќ, објаснува дека агротехничките мерки, овозможуваат синтеза на хумусот пред сите заорувања на жетвените остатоци, примена на ѓубриво – стањак, компост, микробиолошки ѓубрива, правилна обработка на земјиштето, поправка на хемиските својства на земјиштето и плодоредот. За да се намалат негативните ефекти од интензивното земјоделско производство, се применуваат микроорганизми кои во одреден дел можат да ги заменат минералните ѓубрива и пестициди. Чисти култури на микроорганизми се применуваат во производство на микробиолошки ѓубрива, стимулатори на растот на растенијата и препарати за заштита на растенијата од болести и штетници.

Сламата и пченката можат да бидат замена за ѓубриво – стањак

Микробиолошките ѓубрива содржат одбрани култури на микроорганизми кои се внесуваат во земјиштето, со цел да се интензивираат одредени микробиолошки процеси и да се зголеми содржината на достапни хранливи материи. Милица Попадиќ, советува после жетвата на пченицата, јачменот, пченката, сојата, сончогледот и другите растителни видови да се користат микробиолошки препарати за разградување на жетвените остатоци, затоа што во сите гранки на растителното производство, после жетвата остануваат корења и надземни жетвени остатоци. На земјоделските стопанства каде нема стока, сламата остатоците од пченката и другите растителни видови, остануваат како споредни производи. Количината на жетвените остатоци во интензивното растително производство е доста значајна и зависи од растителните видови, сорти, како и од временските услови во одделни години. Кај зимската пченица, количината на слама е 5-7 тони по хектар, на пченката 8-12 тони по хектар, сончогледот 4-6 тони по хектар и кај сојата 3,5 -5 тони по хектар.

Микробиолошките ѓубрива ослободуваат хранливи материи од жетвените остатоци

Експертите препорачуваат, жетвените остатоци да се попрскаат со соодветни микробиолошки ѓубрива. После третирањето на жетвените остатоци, времето на обработка на земјиштето треба да се усогласи според препораките на производителите на микробиолошки ѓубрива. Значењето на таквите микробиолошки ѓубрива е во тоа што тие ослободуваат хранливи материи од жетвените остатоци, земјиштето е со подобра структура, така што полесна е обработката и поголемо е задржувањето на влагата, а се разложува и лигнинот од жетвените остатоци што ја создава основата за зголемување на содржината на хумус во земјиштето.

Подобро искористување на хранливите материи

Попадиќ напоменува дека целта е да се забрзаат и насочат процесите за трансформација на жетвените остатоци до формирањето на хумусот. Така, со нивната примена се надоместува недостатокот од ѓубриво на нашите ниви. Предности од примената на микробиолошките ѓубрива се намалени трошоци во производството, намалена употреба на скапи минерални ѓубрива, подобро искористување на хранливите елементи во земјата, микроорганизмите излачуваат материи на раст, полисахариди, ензими, витамини и аминокиселини, го стимулираат растот и развојот на растенијата и го зголемуваат приносот. Освен тоа, значењето на примената на микробиолошките ѓубрива е и во тоа што тие не го загадуваат земјиштето и подземните води, ја зголемуваат биолошката активност на земјиштето, ја одржуваат еколошката рамнотежа во земјиштето, го подобруваат производството на здравствено безбедна храна, а може да се применуваат и во органското производство.

 

Share Button