fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Цената на пченицата бележи благ пад на Продуктната берза

После растот на цените на примарните земјоделски производи во изминатите три седмици, оваа седмица на „Продуктната берза“ се забележува стагнација.

Вкупниот промет на „Продуктната берза“ за оваа недела изнесувал 1300 тони роба, чија финансиска вредност изнесувала 39.180.750 динари. Во однос на претходниот споредбен период, количинскиот обем на прометот е понизок за 26,55%, додека финансиската вредност на тргуваната роба е пониска за 2,24%.

Цената на пченицата која минатата недела го достигнала својот четиригодишен максимум, оваа недела бележи благ пад. Лебното зрно со полоши параметри (мин 11,5 % протеини) се тргувало по 22,50 динари за килограм без ДДВ, додека со подобри параметри (минимум 12% протеини), се плаќало по 23,25 динари за килограм без ДДВ. Пондерираната цена изнесувала 22,60 динари за килограм без ДДВ (24,86 дин/кг со ДДВ). Во однос на претходниот набљудуван период, цената е пониска за 1,51%.

Пченката на почетокот на неделата, била тргувана по цена од 16,40 дин/кг без ДДВ, додека на крајот на неделата, берзанските договори, биле заклучени на 16,00 дин/кг без ДДВ со клаузула “гратис лагер до крај на февруари“. Пондерираната цена останала непроменета во однос на претходниот споредбен податок.

Со сојата се тргувало во многу низок ценовен опсег од 39,00 до 39,30 дин/кг без ДДВ. Таа задржала стабилно ценовно ниво во однос на претходниот споредбен период. Пондерираната цена изнесувала 39,17 дин/кг без ДДВ (43,09 дин/кг со ДДВ), што претставува незначителен раст од 0,70%.

Преглед на понудени и заклучени количини, како и растојание на понудение и заклучените цени на земјоделските производи во анализираниот период:

Стока Понудена количина (т) Цена на понуда ДИН/кг со ДДВ Заклучена количина (т) Заклучена цена ДИН/кг со ДДВ Промена во однос на претходниот период
Пченка природно сува, род 2018 875 17,93-18,15

 

 

Пченка род 2018, влага до 14,5% 75 17,82 – 18,04 75 17,82 – 18,04
Вештачки сушена пченка, род 2018, гратис лагер до 28.02 550 17,60-18,37 50 17,60
Вештачки сушена пченка, род 2018, гратис лагер до 31.03 500 17,93
Пченица род 2018, 13% протеини 400 25,52 – 25,85
Пченица род 2018, 12% протеини 800 25,30-25,74 100 25,58 –          1,51%
Пченица род 2018, 11,5% протеини 1100 24,75-25,30 650 24,75

 

 

 

 

 

 

Пченица род 2018 170 25,08
Пченица род 2018, 13% протеини, гратис лагер до 28.02 200 25,85
Пченица род 2018, 12% протеини, гратис лагер до 28.02 1200 25,85
Соја, род 2018 700 42,90 -43,45 425 42,90 – 43,23 +0,70%
Соина сачма 44% 50 53,40

 

Берзанскиот индекс ПРОДЕКС на ден 07.02.2019 година, бил на ниво од 214,45 индексни поени, што претставува раст за 0,64%  во однос на претходно анализираниот период.

 

Неизвесноста во преговорите помеѓу САД и Кина, влијае на цената на сојата

Во Чикаго во однос на податокот од претходната недела, пченицата поевтинила за 0,62%, а пченката останала непроменета. Учесниците на пазарот се внимателни, пред објавувањето на извештајот на Министерството за земјоделство на САД, прв после прекинот на работата на администрацијата. Во Чикаго, во однос на податокот од претходната недела, сојата поевтинила за 0,22%, а соината сачма, поевтинила за 1,45%. Понатамошната неизвесност на пазарните преговори помеѓу САД и Кина, влијае на цената на сојата.

Во Париз, во однос на податокот од претходната седмица, пченицата поевтинила за 1,10%, а пченката поевтинила за 0,98%.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close