fbpx
ВестиТоп вести

Снегот поволен за житните култури

Температурите од минус 20 степени кои ја зафатија најголемата житница Пелагонија, нема негативно да влијаат врз житните култури, велат од подрачната единица на Агенцијата за развој на земјоделието во Битола. Напротив, дебелата снежна покривка ќе ги заштити од студовите, ќе одржува константна температура, но и ќе ги надополни резервите на влага во почвата.

– Имавме голем сушен период во изминатата година, така што со надополнување на таа влага ќе овозможи поволни услови за поволен раст и развој понатаму. Житните култури издржуваат доста ниски температури во оваа фаза, имавме доцна седиба, така што навремена е снежната покривка, која ќе изврши комплетна заштита од студовите, рече ЗОРАН БАРДАКОВСКИ, РАКОВОДИТЕЛ НА АПРЗ БИТОЛА.

Од Агенцијата потенцираат дека земјоделците мора да внимаваат на чистење на каналите.

-Она што може да се препорача да се одржуваат чисти каналите за одводнување бидејќи кога ќе настане топењето на снегот, да може водата а да се исцедува од површините, истакна Бардаковски.

Бардаковски вели дека снегот и студот немаат влијание врз лозарството и овоштарството затоа што се во фаза на мирување, но и кај нив ќе има надополнување на почвените резерви со вода.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close