Швајцарија ќе спроведе проект во кој на 5.000 луѓе ќе им дозволи легално да пушат марихуана

(Oвој напис е објавен на: March 1, 2019)

Владата на Швајцарија соопшти дека може ќе им дозволи на 5.000 луѓе легално да пушат марихуана во пилот-студиите кои ќе помогнат да се формулираат нови правила за рекреативната употреба на марихуаната.

Швајцарската влада воведе закони за забрана на канабис уште во 1951 година. Сега, владата предложи ограничени пилот-проекти кои може да доведат до промени во законите за забрана на канабисот. Планот ќе биде отворен за коментари на јавноста до средината на годината, соопшти Федералната здравствена канцеларија.

Швајцарија веќе дозволува употреба на производи од канабис со помалку од еден процент на психоактивната супстанција ТХЦ.

Според процените на владата, околу 200.000 луѓе во Швајцарија користат нелегален канабис.

Предложените швајцарски пилот-проекти ќе бидат ограничени на канабис и во нив ќе можат да учествуваат само возрасни, кои веќе го консумираат.

 

Share Button