fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките

– Во првата половина на месец април оваа година, се случи временска непогода. Температурите се спуштија до минус осум степени. Тоа беше причина за мрзнење и оштетување на овошните дрвца во овошните насади на територија на општината Росоман. Беа оштетени 729 овоштари. Беше измрзнат 90 проценти од овошниот насад, штетата беше 452.702.697 денари, појасни Николов.

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките, информираше Стојан Николов, градоначалник на Росоман.

– Во првата половина на месец април оваа година, се случи временска непогода. Температурите се спуштија до минус осум степени. Тоа беше причина за мрзнење и оштетување на овошните дрвца во овошните насади на територија на општината Росоман. Беа оштетени 729 овоштари. Беше измрзнат 90 проценти од овошниот насад, штетата беше 452.702.697 денари, појасни Николов.
Тој се заблагодари на Владата и претседателот Зоран Заев, како и на комисиите кои работеа на проценка на штетите. На земјоделците им порача дека ја имаат неговата поддршка како градоначалник.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close