
Министерот Серафимовски ги седна на маса тутунарите
Се разговараше за подготовките за претстојниот откуп. На средбата беше изнесено очекување годинава да бидат откупени околу 28 милиони килограми тутун.
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Прилеп одржа средба со претставници на Сојузот на тутунари и откупувачите на тутун, на која се разговараше за подготовките за претстојниот откуп. На средбата беше изнесено очекување годинава да бидат откупени околу 28 милиони килограми тутун.
Навремената координација меѓу производителите, откупувачите и надлежните институции е важна за организирано спроведување на откупот, почитување на обврските и соодветно вреднување на трудот на тутунарите. Оваа средба е дел од континуираниот дијалог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со сите учесници во процесот.
Министерството активно ќе го следи текот на откупот и во рамките на своите надлежности ќе постапува за заштита на правата на производителите и доследна примена на законските правила.






