вести

Четириесетмина тимови вршат масовна проценка на штетите од невремето

(Oвој напис е објавен на: февруари 28, 2017)

Во повеќе од 2000 домаќинства е извршен увид, а  попишани се над 500 оштетени возила од поплавите во скопско.

chetiriesetmina timovi vrshat masovna procenka na shtetite od nevremeto

 

Деновиве тимовите за проценка на штети интензивно работат на терен.  Околу 60- тина екипи вршат увид и попис на штети на недвижен, движен имот, возила, сточен фонд и земјоделски површини.

Се евидентираат и  штетите на земјоделските посеви. Досега поминати се 420 домаќинства кои се занимавале со земјоделство. Надлежните соопштија дека сите граѓани кои се занимавале со земјоделска дејност ќе бидат обештетени 100 проценти и дека поплавите нема да доведат до зголемување на цените на зеленчукот и овошјето.

13 комисии на Министерството за земјоделство,  во скопскиот и во тетовскиот регион веќе вршат проценки за штети на земјоделските површини и кај одгледувачите на крупен и ситен добиток. Од агенцијата за храна и ветерина е доставена листа на регистрирани стопанства по која се попишува.

Засега нема појава на заразни болести во овие населени места. Помош пристигна од повеќе компании, организации, граѓани, пријателски земји и други.

Во меѓувреме теренот се расчистува за да животот се врати во нормала што побрзо.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close