fbpx
ВестиЛов и риболовТоп вести

Чистата вода го врати ракот во Охридското Езеро

Чистата вода го врати слатководниот рак на бреговите на Охридското Езеро. Тој настрада и поради чумата која пред дваесетина години ги зафати европските езера и реки. Неговата појава е најдобар знак дека водата е ослободена од нитрити и оти може дури и да се пие.

chistata voda go vrati rakot vo ohridskoto ezero

 

„Европскиот слатководен рак Astakus аѕtakus сега може да се сретне насекаде во Охридското Езеро. Во изминатите дваесетина години овој вид рак многу ретко можеше да се сретне во водите на езерото, но поради чумата што ги зафати европските води, тој беше доведен на работ од целосно исчезнување”, појаснува д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Малку е познато дека во Охридското Езеро живее уште еден вид рак слатководниот крив рак Potamon fluviatile.

Bo Охридското Езеро слатководниот крив рак го има на македонската страна од Езерото од селото Калишта до границата со Албанија. Ракот е стрвинар и е доста отпорен, а во одредени периоди можат да се забележат и голем број ракови кои се шетаат по копното.

Зголеменото присуство на нитрити во водата, особено од земјоделски ѓубрива, кои со испирање на почвата влегуваат во езерото претставуваат сериозен ризик за опстанок на слатководните ракови во Охридското Езеро.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close