fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цената на лебот ќе се намали, но наместо 480, ќе јадеме 400 грама

Можно е намалување на цената, но за сметка на тоа да се намали и количината на производите. Така, на пример, доколку лебот од 480 грама се продава за 49 денари, цената ќе се намали на 40 денари, но ќе се намали и грамажата на 400 грама, велат од Организацијата на потрошувачи на Македонија. Од ОПМ остануваат на ставот дека подобра опција е плафонирање на цената на основните прехранбени производи, која ја практикуваат поголем број од земјите во регионот и во ЕУ

И покрај најавите на Владата за намалување на цените на основните прехранбени производи за 10 отсто, трговците, сепак, не ги намалија цените на лебот, млекото, месото. Од Организацијата на потрошувачи велат дека можно е намалување на цената, но за сметка на тоа да се намали и грамажата на производите. Така, на пример, доколку лебот од 480 грама се продава за 49 денари, цената ќе се намали на 40 денари, но ќе се намали и грамажата на 400 грама. Од ОПМ остануваат на ставот дека подобра опција е плафонирање на цената на основните прехранбени производи, која ја практикуваат поголем број од земјите во регионот и во ЕУ.

– Сè уште нема намалување на цените и покрај обврската на производителите, кои добија субвенционирана струја по 80 евра за мегава-час, за нивно намалување. Значи, продажните цени ќе се намалат, но може да се намали и грамажата на производите. Не знаеме како ќе се намалува цената, може оптички да ви изгледа дека цената е намалена, ама во исто време да купувате помала количина за истата цена. Трговците имаат многу трикови што ги применуваат. Најдобар начин беше со плафонирање на цените, но многу од економистите не се согласуваа и сметаа дека тоа не е начин. Од друга страна, земјите од ЕУ, како и земјите во регионот, Хрватска, Србија… го практикуваат тоа – изјави претседателката на ОПМ, Маријана Велкова-Лончар.

Од ОПМ велат дека и покрај нивните барања за повторна примена на оваа мерка, од Владата немаат слух.

– Видовме дека со маржите не се направи ништо. Пазарните инспектори не можеа да ги контролираат, бидејќи вршеа други работи, наместо да вршат надзори на пазарот. Потоа имавме проблем со ладниот синџир. Ние сметавме дека не е во ред да се прекинува ладниот синџир, затоа што многу се расипува храната и тогаш баравме од органите за надзор на пазарот да известуваат за тоа што навистина се случува внатре. Но, ние не можеме да бидеме присутни таму каде што Владата ги води политиките – вели Велкова-Лончар.

Во врска со укажувањата на трговците дека немале доволно време да се приспособат на новиот Закон за заштита на потрошувачите, од ОПМ велат дека тој долго време бил на ЕНЕР и оти трговците можеле да поднесат свои предлози.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close