fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ЦУК бара да се дозволи отстрел само на премногу агресивни мечки

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч во којшто спаѓа и мечката по претходно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Центарот за управување со кризи информираше дека поведуваат процедура пред надлежните министерства за земјоделство и за екологија, да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел на мечка на територија на Општина Маврово и Ростуше. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на прес-конференција посочи дека станува збор за мечката која на 23 октомври нападна и повреди 76 годишник од Пласница.

– Како Центар за управување со кризи, ние сме против убивање на мечките, но во случај на појава на опасната мечка, којашто не е спорно дека нападнала човек и за којашто постои опасност повторно да нападне човек, да убие човек или истиот тешко да го повреди, ние само ја придвижиме процедурата пред надлежните министерства, рече Ангелов.

Тој посочи дека отстрелот на мечката, иако е заштитена со закон, е во согласност со Законот за ловство, член 16 став 5.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч во којшто спаѓа и мечката по претходно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во Законот за заштита на природата во членот 23 став 2 е предвидено дека отстрел на диви животни се врши врз основа на претходно добиена дозвола од министерот кој раководи со органот на државна управа, надлежен за вршење на работите од областа на ловството, а врз основа на претходно прибавено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа, надлежен за вршење од работите на работите од областа на заштита на природата, потенцира Ангелов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close