fbpx
Вести

Отошничка брана порибена со 102 килограми крап

otoshnichka brana poribena so 102 kilogrami krap

Во рекреативната зона „Отошница” во општина Ранковце во браната на Отошничка Река беа пуштени 102 килограми крап

Порибувањето го изврши здружението Спортско-рекреативен клуб „Мрена” од Крива Паланка, согласно годинашната Програма за порибување на концесионерскиот реон Крива Река 1 со кој стопанисува шест години.

– Браната Отошница е порибена со 102 килограми крап, согласно договорот кој здружението го има со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Порибувањето го вршиме втора година по ред, со донација од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и две компании кои стопанисуваат со мини хидроелектраните на Крива Река, сите придонесувајќи за збогатување на рибниот фонд на овој реон, информираше Александар Рангелов, претседател на „Мрена”.

Истакна дека порибувањето ќе го зголеми интересот на рибарите од регионот и соседство кои редовно доаѓаат на риболов во овој реон.

– Рибата е набавена од овластен репроцентар „Акватик” од Неготино. „Отошничка брана” покрај со крап изобилува со пастрмка, порибена во 2010 година. Во браната има и клен и попадика, додаде Рангелов.

 

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close