fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство

Трипуновски е кандидат за во техничката Влада од ВМРО-ДПМНЕ

Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. По струка е дипломиран земјоделски инженер. Трипуновски и во претходната техничка влада беше на позицијата дополнителен заменик министер. До сега има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006та до 2008та година беше прв човек на државната фитосанитарна лабораторија. Трипуновски од 2008та година до 2012та година беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Трипуновски во 2017 година бил член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментот е претседател на републичката комисија за земјоделство на партијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close