fbpx
ВестиТоп вести

Протест на оризопроизводителите

Кочанските оризопроизводители со 30-тина трактори денеска по вторпат ја блокираа едната коловозна лента на патот Штип – Кочани во селото Облешево. Си ги бараат интервентните субвенции од пет денари, коишто ресорниот министер им ги вети со ребалнасот на буџетот, но и утврдување на цената на оризот. Порачаа дка со лаги нема аграр.

Оризопроизводителот Ѓорѓи Димитров произведувал ориз од 100 декари, а сега со оваа култура нитуи децата сакаат да работа, бидејќи какошто вели нема ниту за нормален живот.

Оризопроизводителите порачаа дека доколку во рок од седум дена не се исплати интервентната субвенција на оризопроизводителите и не се утврди производствената цена на оризот протестот ќе го радикализираат, со тоа што ќе ги блокираат двете коловозни ленти. Побараа и пратениците да имаа итна седница за нив. Во кочанскиот, виничкиот и штипски регион има посеано околу 4.000 хекатари под ориз.

Извор: Телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close