fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Да се забрани увозот на тутун се додека не се откупи домашниот македонски тутун

ВМРО-ДПМНЕ има план и решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците, со формирањето на новата Влада ќе започнеме реализација на програмата и со тоа ќе ги подобриме условите за сите земјоделци во Република Македонија, објави Трипуновски.

Заменик министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вчера вечер беше на средба со земјоделците од Суводол и Кутретино каде што разговараа за актуелната ситуација и проблемите со кои се соочуваат.
-Земјоделците побараа регулирање на откупот на тутун и притоа побараа да се забрани увозот на тутун се додека не се откупи домашниот македонски тутун исто така побараа можност за окрупнување на земјиштето, дополнително се пожалија од досегашната ниска цена на тутунот, задоцнетите исплати на субвенциите како и на руинираниот систем за наводнување за кого е повеќе од потребна санација.
ВМРО-ДПМНЕ има план и решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците, со формирањето на новата Влада ќе започнеме реализација на програмата и со тоа ќе ги подобриме условите за сите земјоделци во Република Македонија, објави Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close