fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дали битолски извршител „ја изрекетирал“ ЗК Пелагонија?, објави Фактор.мк

Најголемиот земјоделски комбинат објави соопштение на Македонска берза во кое дава содржински контекст од кој може да се заклучи дека битолски извршител применил прекумерна сила при извршување на побарување од комбинатот.

Најголемиот земјоделски комбинат објави соопштение на Македонска берза во кое дава содржински контекст од кој може да се заклучи дека битолски извршител применил прекумерна сила при извршување на побарување од комбинатот, објави Фактор.мк.

ЗК Пелагонија соопштението го објави затоа што станува збор за ценовно-чувствителна информација за имотот што го поседува ЗК Пелагонија поконкретно за уделот што го има во гасната централа „Пелагонија Енерџи“.

Имено, според официјалниот став на ЗК „Пелагонија“ извршителот Николче Диневски од Битола го запленил уделот на ЗК „Пелагонија“ во „Пелагонија Енерџи“. Но при тоа, според нив, не го применил членот 5 од Законот за извршување кој предвидува цитираме „ да се примени средство за извршување кое е поповолно со оглед на вредноста на износот кој се извршува и вредноста на предметот врз кој се извршува“.

Тоа значи дека извршителот Диневски иако можел да постапи поинаку затоа што се работи за извршување на износи со многу пониска вредност сепак решил да го заплени уделот на ЗК „Пелагонија“ во гасната централа.

ЗК „Пелагонија“ веднаш го платила износот што бил предмет на извршување по што всушност и била повлечена забраната за располагање со сопственоста врз уделот.

Институтот заплена на удел значи забрана за негово идно располагање, но не значи и промена односно одземање на неговата сопственост ниту значи промена на неговата вредност.

Извршителот Николче Диневски тврди дека ги применил сите расположливи законски мерки и дека не го прекршил цитираниот член. Еве го интегрално неговиот одговор до нашата редакција:
– За должникот ЗК Пелагонија АД Битола во изминатите 60 дена имав примено 7 барања за извршување на различни износи од кои некои надминуваа 1.000.000,00 денари по различни основи, како неисплатени плати и надоместоци од плата и други должничко-доверителски односи. Тековно од моја страна беа издавани налози за наплата од сметка на должникот ЗК Пелагонија но наплата немаше. Со истекот на 45 дена континуирана блокада на сметката исполнети беа законските услови за други правни последици согласно Законот за стечај и на барање на должниците морав да го променам средството за извршување. Испитувајќи ја економската состојба на должникот побарав информација од Заложниот регистар и утврдив дека уделот на должникот ЗК Пелагонија во „Пелагонија енерџи“ Дооел е заложен на висок износ, но сепак помал од номиналната вредност и решив дека со издавање на налози за заплена на уделот, ќе ги осигурам и наплатам побарувањата на доверителите. Ова и се потврди бидејќи неколку дена по спроведената забрана се наплатија побарувањата по издадените налози за блокада на сметката и намирени се сите доверители. На 11.11.2022 година до Заложниот регистар поднесов Барања за бришење на налозите за заплена на удел и очекувам истите се избришани.Со ниту едно дејствие не сум го повредил членот 5 или друга одредба од Законот за извршување и сметам дека на брз, евтин и ефикасен начин го реализирав извршувањето на побарувањата на доверителите“, пишува во одговорот на Диневски.

„Фактор“ побара став и од од Комората на извршители во кој Диневски е потпретседател. Доколку добиеме одговор ќе го објавиме во целост. За повеќе на овој линк https://faktor.mk/dali-bitolski-izvrshitel-ja-izreketiral-zk-pelagonija

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close