fbpx
Вести

Забрзани постапките за исплата на штетите во земјоделството за минатата и за оваа година

steti

Со една милијарда денари ќе се исплаќаат штетите во земјоделството од невремето минатата година, вака одлучи Владата на една од првите седници. Пари се предвидени и за штетите од доцните пролетни мразови во 2017-та.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, подрачните единици забрзано ги подготвуваат записниците, се прават и пресметките. Интензивно се работи за што поскоро реализирање на средствата.

– Затекнавме проблем со записниците, сега тоа го решаваме. Заедно со Бирото за судски вештачења ќе се прават нови пресметки, но ги предвидовме и средствата. Паралелно, ги забрзавме постапките за она што се случи во Тетовско, Скопско и Кумановско. Веднаш се формирани комисии и се покренати сите процедури. Направени се и првичните проценки, ги очекуваме сите записници за да се процесираат понатаму, вели тој.

Со законска измена, посочи, во 2015 година е донесена Уредба со која на подрачните единици им е даден рок од 360 дена наместо од 60, за да ги направат записниците.

– За 2016 година, за она што ни се случи во Ресен и во 14 други општини, се уште немаме добиено записници од подрачните единици. Затоа и не може да се процесираат. Но, ќе го решаваме и тој проблем. Правам постојан притисок подрачните единици веднаш да си ја завршат работата, и по однос на 2016 година да ги достават записниците, но и да ги забрзаат постапките за оваа година, истакнува Николовски.

Се прават напори и за решавање на имотно-правните односи што, според министерот, е еден од клучните предизвици во некои општини. – Тоа е една од системски работи и крупна реформа што ќе ја дискутираме со научниот тим. Во многу општини луѓето имаат проблем со имотно-правните односи. Мора да се најде законско решение за регулирање на нивните права во овој сегмент, објаснува министерот.


 

бриф.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close